ВИДЕО: Мајк Тајсон тренира и покажа дека сѐ уште удира ЗАСТРАШУВАЧКИ

Боксерската легенда Мајк Тајсон најави дека можно е да се врати во рингот за да боксува во хуманитарни цели, а се појави видео на социјалните мрежи од негов тренинг.

„Челичниот Мајк“ ќе полни 54 години, но тренира за повторно да се бори. Причината е хуманитарни цели, затоа што сака да заработи средства кои ќе бидат донирани. На видеото јасно се гледа неговата бокс-класа, а ударите се навистина застрашувачки.

Тајсон во 1986 година стана најмладиот шампион во светот, а кариерата ја заврши во 2005 година. Во кариерата на Тајсон, најмногу влијаел тренерот Кас Д’Амато, кого Мајк го сметал за свој „бел татко“. Благодарение на легендарниот Кас, Мајк научил да чита и да пишува, го освои главниот турнир во САД „Златни ракавици“ и во 1985 година дебитираше во професионалниот ринг.

Подоцна стана најмладиот светски шампион во тешка категорија, откако во ноември 1986 година го нокаутираше Тревор Бербик. Мајк тогаш имал само 20 години, четири месеци и 23 дена. Рекордот е актуелен и ден-денес.