Тајсон побара промена на правилата, а Пол прифати: Секако ќе го претепам...

Славниот Мајк Тајсон се враќа во бокс рингот и ќе се бори со 31 година помладиот јутубер Џејк Пол во егзибициски меч на „АТ&Т стадионот“ во Арлингтон. 

Иако беше загрозено одржувањето на борбата поради здравствени проблеми на Тајсон, поранешниот боксер сега е добар. Сепак, тој побара драстични промени на правилата. Барањата беа рундите да траат по две, наместо по три минути, а вкупно ќе бидат осум. 

Џејк Пол го прифати тоа, но не го пропушти моментот да го „пецне“ големиот боксерски шампион. 

„Ова може да биде предност за него, но мислам дека постапи паметно. Ги прифаќам правилата кои ги побара. Му давам сè што сака. Одам да боксувам на негов терен, а и таму ќе го претепам“, изјави Пол.

Инаку досега Пол одработи единаесет бокс мечеви, а славеше на десет од нив. Следниот предизвик против Мајк Тајсон е закажан за 15 ноември.