Тајсон отвори дебата: Дали Усик или Џошуа би ме победиле во најдобрите денови?

Мајк

Мајк Тајсон не беше задоволен од последната шампионска борба за појасот во тешка категорија. Олександр Усик успеа да го шокира светот и го победи Ентони Џошуа.

Поранешниот првак отвори дебата на Твитер. По борбата ја запраша јавноста:

„Откако ја гледав борбата меѓу Џошуа и Усик, кои можеби имаа лош ден таа вечер. Дали навистина мислите дека со таква изведба би можеле да ме победат во моите најдобри денови?“.

Фановите немаа никаква дилема и целосно застанаа зад „челичниот Мајк“. Нивните прогнози велат дека Американецот би победил и тоа на убедлив начин против двајцата боксери.