• Горан Упале

За многумина е најдобриот боксер на сите времиња, но и личност која беше поврзана со многу скандали во текот на својата кариера и после неа.
Сега, „Челичниот Мајк“ ужива во својата плантажа со марихуана, која месечно му носи најмалку по еден милион долари, а секоја седмица со подкаст открива по некој интересен момент од својот живот. Последниот доаѓа од една негова посета на зоолошката градина во Њујорк.
„Со мојата сопруга Робин бевме во посета на зоолошката градина во Њујорк. Кога стигнавме кај кафезот со горили, една од нив ги малтретираше останатите, кои изгледаа многу немоќни. На еден чувар му понудив 10.000 долари да го отвори кафезот и да ме пушти да влезам да ја нокаутирам таа горила. Но, нe ми дозволи“, вели Тајсон.
Тајсон е докажан љубител на животни. Тој е особено фасциниран од гулаби има повеќе од илјади, а претходно во неговиот имот во Лас Вегас имаше два бенгалски тигари.