Тајсон му се закани на првак: Мал исплашен човеку, ќе ти го исплескам задникот

Мајк Тајсон важи за еден од најдобрите боксери во историјата на овој спорт, а како што изгледа, не го сака непоразениот првак и легенда Флојд Мејведер.

„Челичниот Мајк“ даде интервју во кое говореше за Мејведер и истакна дека воопшто не го сака и дека би го претепал и на улица и во рингот доколку дојде до нивна премсетка.

„Би му го исплескал задникот. Тоа не би било меч воопшто, затоа што ќе го претепам. Дали на улица, дали во ринг, исто е. Ако Мејведер беше како Мохамед Али, како што се споредува, тогаш ќе ги носеше децата сам во училиште. Зборува дека е великан, а не може да ги однесе децата во училиште без придружба. Се работи за мал, исплашен човек“, изјави Тајсон.

Тајсон, кој е најмлад боксерски шампион во историјата во тешка категорија, во кариерата имаше скор 50-6, додека Мејведер е перфектен и има 50 победи на 50 меча.