„Тајсон мора да умре“: Шампионот му удри шлаканица на јутјуберот на мерењето! (ВИДЕО)

Тензиите во пресрет на борбата меѓу поранешниот светски шампион Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол стигнаа до врв за време на мерењето во Далас.

Имено, Тајсон и Пол застанаа лице в лице кога 58-годишникот Мајк му удри шлаканица на 31 година помладиот предизвикувач затоа што влегол во неговиот личен простор и како што тврди „челичниот Мајк“ му згазнал на ногата.

Обезбедувањето веднаш реагираше и ги раздели боксерите, а бесниот Пол го покажал својот гнев пред публиката, извикувајќи дека сега „Тајсон мора да умре“.

„Ова сега е лично“, извика Пол додека најмладиот светски шампион во историјата беше изнесен од сцената.

Последната професионална борба на Тајсон беше пред 19 години, а претстојната борба против Пол е договорена на осум рунди од по две минути. За овој спектакл Тајсон ќе заработи најмалку 20, а Пол 40 милиони долари.