Тајсон: МекГрегор ќе биде убиен во рингот од Мејведер!

Најмладиот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон типува на Флојд Мејведер во големата борба со МекГрегор, која е предвидена за крајот на август. 

УФЦ шампионот ќе дебитира во благородната вештина против Мејведер, кој е благ фаворит кај бубмејкерите, најмногу заради скорот од 49 победи од 49 натпревари. Според Тајсон победникот е јасен и борбата нема да биде интересна.

„МекГрегор ќе биде убиен од Флојд. МекГрегор ќе биде нокаутиран, бидејќи излегува во ринг против човек кој го прави тоа цел живот, уште од бебе. Конор мора да знае дека не може да удира со нозе, не може да прави зафат, па без тоа нема особена шанса“ рече Тајсон.

Тајсон смета дека многу луѓе ќе бидат разочарани од самата борба.