Тајсон: Имав повеќе од 400 милиони долари, но немав вистински пријатели

Славниот Мајк Тајсон наскоро ќе влезе во рингот и ќе се соочи со јутуберот Џејк Пол, па затоа деновиве имаше неколку интервјуа со разни медиумски куќи, а во едно од нив се наврати на периодот кога беше во затвор поради силување на неговата поранешна девојка. 

„Челичниот“ Мајк рече дека кога влегол зад решетки на сметката имал 15 милиони долари, но кога излегол од таму, нештата биле драстично променети во позитивен правец. 

„Грешев во животот, знам дека грешев. Одлежав казна која беше заслужена, но потоа станав многу подобар човек. Кога влегов во затворот имав 15 милиони долари на сметката, но Дон Кинг и неговите менаџери постојано ми носеа спонзорски договори кои веднаш ги потпишував. 

Кога излегов од затвор се појавив во неколку кампањи, реклами и бев заштитно лице на големи спортски настани. Сето тоа ми донесе приход од над 400 милиони долари.

Бев многу богат човек, но во тој период немав пријатели. Сите ме гледаа од корист, па затоа ми требаа многу години за да ги „исфилтрирам“ тие што не ми мислеа добро“. рече Тајсон. 

Борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол ќе се одржи ноќта помеѓу 15 и 16 ноември. Се очекува двајцата борци да инкасираат сума од околу 25 милиони долари.