• Саше Љолес
„Челичниот“ Мајк Тајсон требаше да влезе во рингот против јутуберот Џејк Пол ноќта помеѓу 15 и 16 ноември, но борбата би можела да биде одложена поради здравствени проблеми на 58-годишниот ветеран.
Тајсон се пожалил на болки во градите и повраќал крв за време на летот кон од Мајами до Лос Анџелес, по што веднаш заминал на дополнителни лекарски прегледи. Снимките покажале дека има голем чир од дури седум сантиметри и затоа било решено да мине извесно време на болничко лекување.
Организаторите на борбата се надеват дека Тајсон ќе заздрави и дека ќе се појави во рингот на закажаниот датум, но засега шансите за такво нешто се веројатно многу мали.