• Горан Упале
Додека беше дел од рингот, важеше за еден од најдобрите на светот и ретко кој боксер остануваше на нозе против него, но Мајк Тајсон често пати знаеше да биде поврзан со разни скандали, заради кои мораше да оди зад решетки.
Поранешниот голем шампион во последниот период е една од главните теми во светскиот спорт, а во своето последно интервју отворено зборуваше за својот период минат зад решетки, каде по цел ден водел љубов.
„Во тој период имав толку многу секс, што бев уморен да одам во вежбалница или на тренинг. По цел ден лежев во мојата ќелија. Но, тоа беше друго време, сега ја немам таа моќ и сексот не е толку забавен како тогаш“, рече легендарниот боксер.
53-годишниот Тајсон зад решетки во Индијанаполис беше од 1992 до 1995 година, но и таму живеел како крал и ништо не му недостигало.