Тајсон гостин на Светското првенство во бокс во Белград

Мајк Тајсон, легендарниот американски боскер, доаѓа во Белград за време на Светското првенство, кое ќе се одржи во главниот град на Србија од 24 октомври до 6 ноември. Тајсон ќе биде специјален гостин на Боксерската асоцијација на Србија и треба да дојде пред крајот на шампионатот.

Тајсон го изнајми целиот кат од луксузниот белградски хотел „Хајат“, каде што ќе биде сместен за време на престојот во главниот град на Србија. Не е познато колку долго славниот боксер планира да остане во нашата соседна земја.

Мајк Тајсон беше светски шампион во тешка категорија, а на 20-годишна возраст веќе ги освои титулите на ВБЦ, ВБА и ИБФ. Во кариерата забележа 50 победи на 58 борби, од кои дури 44 со нокаут.

Тајсон се смета за еден од најдобрите боксери на сите времиња.