• Сашо Поповски

Многумина го гледаат Мајк Тајсон како најдобриот боксер на сите времиња. Иако за тоа место има голема конкуренција, сепак неговата доминација кога беше во најдобра форма во кариерата го прави еден од најголемите светски шампиони во историјата.
Длабоко во својата пензија, „челичниот Мајк“ постојано ја изненадува јавноста со своите изјави. Последната ги загрижи фановите и неговите најблиски.
„Животот е комплициран. Колку повеќе знам за смртта, се повеќе сум привлечен кон неа...
Не се плашам да умрам. Да живееш треба повеќе храброст. Животот е борба ако си славен, паќаш во таа дупка дека си посебен и други сра*а“, изјави легендарниот боксер.
Тајсон е најмлад светски првак во тешка категорија, кој во 1995 година беше обвинет за силување. Во рингот се врати различен и никогаш не го достигна врвот како претходно од тој момент.