• Горан Упале
Мајк Тајсон, еден од најголемите боксери во историјата, доживеа нов срам и не успеа да присуствува на една церемонија во Чиле, откако полицијата на оваа земја го депортира назад во САД.
Всушност, на легендарниот боксер влезот во Чиле му е забранет, па при пристигнувањето на аеродромот во Сантијаго, беше пречекан од специјалци и веднаш вратен во САД.
Причината за ваквата одлука на властите на Чиле е поради „црното“ минато на „челичниот Мајк“, кој своевремено беше осудуван за бројни улични тепачки, силување и поседување на кокаин. Исто така, поради истите причини во 2013 година на Тајсон не му беше дозволено да влезе на територијата на Велка Британија.