• Сашо Поповски
Тајсон Фјури ја затвори приказната со Деонтеј Вајлдер, победувајќи го во третата борба и бранејќи ја ВБЦ шампионската титула.
Британецот по борбата најави дека нема никаков план за иднината. Спомна дури и дека би можел да замине во пензија. Но, последните најави од луѓе блиски до големиот шампион не велат дека тој ќе ја заврши кариерата.
Негова следна желба е судир со Олександ Усик, човекот кој успеа да го победи Ентони Џошуа и кој се испречи на толку очекуваната борба на британските боксери. Украинецот прво ќе мора да го одработи реваншот против Џошуа наредната година.
Фјури и натаму е без пораз и веќе важи за еден од најдобрите во историјата на спортот.