Тајсон Фјури: Имав лоша година, но следната сите ќе се гордеат со мене

Контроверзниот некогашен светски шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури пред јавноста призна дека имаше тешка година и дека во 2017 година ќе го прикаже своето вистинско лице.

„Имав лоша година и направив многу работи со кои не можам да се гордеам. Следната година ќе си ги вратам загубените позиции и ќе направам луѓето да се гордеат со мене“, напиша Фјури.

Британецот ја одби борбата со Владимир Кличко и му ги одзедоа титулите на ИБФ, ВБА и ВБО.