
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, полека, но сигурно, го враќа стариот изглед и старата форма во рингот.
Британецот пред извесен период беше во депресија, имаше 171 килограм и изгледаше навистина лошо. Но, откако психички се стабилизира, почна да тренира и сега изгледа како вистински манекен.
Фјури учествуваше во фотосесија за списанието „GQ“, а неговиот агент ги објави фотографиите на социјалните мрежи и истакна дека е горд на изгледот на неговиот клиент.
Тајсон Фјури е во исчекување и на новите предизвици во боксот, а последната борба ја имаше со Дионтеј Вајлдер и истата заврши со судиска одлука, без победник.