Тајсон: Фјури е најдобриот боксер во светот

Некогашниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, имаше комплименти за Тајсон Фјури и кажа дека Британецот е најдобриот боксер во светот. Фјури влегува во рингот со Украинецот Александар Усик, на 17 февруари во Ријад.

„Не смееме да заборавиме што направи Фјури, тој се уште е светски шампион. Се радувам на неговата борба со Усик. Навивам за Фјури затоа што мислам дека тој ќе победи. За мене, Фјури е најдобриот боксет во светот, посебно во тешка категорија. Големите губат, големите изгледаат лошо, но тоа не ги спречува од тоа да бидат пак големи“, изјави Тајсон.

Фјури е шампион во тешка категорија, а Усик има четири други шампионски појаси. Победникот во оваа борба ќе биде првиот боксер кој ги обединил сите појаси во тешка категорија, по Ленокс Луис во 1999 и 2000 година.