• Мартин Танасковски

Мајк Тајсон важи за еден од најдобрите боксери на сите времиња, но кога се работи за споредбите со Мухамед Али, вели дека не би имал шанси против него ако двајцата би можеле да се соочат во најдобрите моменти од кариерата.
Еспортс направи симулација на борба на двајцата во која победи Тајсон. Но, Американецот истакна дека доколку таа борба би се случила кога двајцата боксери беа во најдобра форма, не би имал шанси да победи,
„Знам дека играта е само фантазија и само таму можам да победам. Во вистинска борба, не би имал никакви шанси против Али, тој е најголемиот што некогаш се појавил во овој спорт“, изјави Тајсон.
Двајцата боксери беа по 20 години во рингот. Тајсон победи на 50 од 58 борби, додека Али има скор од 56 победи на 61 меч.