• Зоран Мишевски

Борбата на векот помеѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мек Грегор се наоѓа пред реализација. Извори блиски до двајцата боксери потврдиле дека „Т-Мобиле арена“ во Лас Вегас е резервирана за 10 јуни за потенцијалниот бокс меч помеѓу двајцата феномени.
Супер-борбата официјално не е потврдена, но дефинитивно оваа индиција е голем чекор напред во тој правец. Вчера Мејведер изјави дека поради Мек Грегор уште планира да боксува и не е во пензија. Тој го нарече МекГрегор куче кое лае, а не каса, бидејќи одолговлекува околу потписот за одржување на борбата.
Се претпоставува дека до мечот ќе дојде ова лето и тој ќе биде најскап во историјата на боксот или боречките вештини.