• Саше Љолес

Поранешниот светски првак во Бокс, Аднан Чатиќ, попознат како Феликс Штурм, беше прогласен за виновен во случај за затајување данок и судот во Келн го осуди на две години и четири месеци ефективна затворска казна.
Откако била потврдена правосилната пресуда, веднаш бил вратен во притвор, каде претходно минал осум месеци. Чатиќ или Штурм се товари за финасиска измама, затајување данок и прикривање докази за перење пари. Според обвинителството, тој со стореното дело нелегално стекнал материјална корист во вредност од околу шест милиони евра.
Затворската казна треба да му почне наскоро, а згора на тоа, ќе мора да плати и одредена отштета на државата, односно да врати голем дел од нелегално заработените пари.