Светски шампион призна дека е виновен и оди во затвор

Познатиот американски боксер Џервонта Дејвис ќе мора да ги помине следните два месеци во затвор.

Дејвис неодамна ја одушеви планетата, победувајќи го Рајан Гарсија, а сега добива лоши вести. Во 2020 година популарниот „тенк“ беше осуден на домашен притвор поради предизвикување сообраќајна несреќа, а сега направи нов прекршок и ќе треба да оди во затвор на два месеци.

Тој со своето Ламборгини помина на црвено светло и предизвика сообраќајна несреќа во која четири лица се повредени, а потоа удри во оградата на продавница и побегна од местото на несреќата, во која за среќа нема загинати. Сето ова го направил додека возачката дозвола му била привремено одземена поради претходни сообраќајни прекршоци.

Дејвис се изјасни за виновен по сите четиринаесет точки и се соочи со повеќе од седум години затвор, но беше осуден на само 90 дена домашен притвор и 200 часа општествено корисна работа.