• Мартин Танасковски

Рори Холовеј, поранешниот менаџер на бокс-ѕвездата Мајк Тајсон, објави книга во која откри непознати детали за кариерата на Американецот.
Од книгата излезе приказната дека Тајсон ќе го тепал Мајкл Џордан, а сега има уште една нова интересна анегдота околу љубовниот живот на „Челичниот Мајк“.
„Бевме на забава во Њујорк и видов дека Мајк разговара со една убава девојка. Не ја познавав, а видов дека заедно заминаа во тоалет. Со оглед на тоа што цело време внимавав Мајк да не направи некоја глупост, отидов и јас по нив да видам што ќе прават. Откако ситуацијата внатре стана навистина „жешка“, јас стражарев пред тоалетот и ги упатував луѓето во други тоалети. А, таа девојка беше Наоми Кемпбел“, напиша Холовеј во книгата.
Тајсон својата кариера ја заврши неславно, откако го гризна Ивандер Холифилд за увото, а сега по пауза од десет години повторно ги стави ракавиците и тренира напорно.