ВИДЕО: Дејвид Хеј ја фрли крпата, Белју го нокаутира во 11. рунда

Тони Белју направи големо изненадување и во фајтерска борба го порази домашниот боксер Дејвид Хеј и му ја одзеде титулата. 

34-годишниот Белју славеше во своето дебито во тешка категорија со прекин во 11 рунда. Во британската борба боксерот од Ливерпул го нокутира фаворитот од Лондон, Хеј со кроше во неговиот агол, па од аголот на црномурестиот боксер ја фрлија крпата.

Хеј немаше пораз цели шест години, поразот на поени од Владимир Кличко во 2011 година.