Србинот Марко Доциќ ќе боксува за штипски Пинк Пантер во регионалната лига

Македонскиот претставник во боксерската регионална лига, Пинк Пантер за првата средба против Војводина во Штип на 4 март се засили со 19-годишниот српски боксер Марко Доциќ од екипата на Југобоксинг од Лесковац, Србија.

Доциќ боксува во тешка категориј до 91 килограм и ќе му биде резерва на капитенот Димитар Ташков.

„Благодарност за изразената помош на БК Југобоксинг од Лесковац и првиот човек на тимот Братислав Пешиќ. Со секојдневното докомплетирање на екипата и со ваков тим на боксери и боксерски работници околу себе, како претседател на клубот, можам да кажам само едно, се гледаме на врвот“, рече Илија Младеновски, првиот оперативец на клубот. 

Во новоформираната регионална бокс лига ќе учествуваат екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија.