• Сашо Поповски
Актуелниот ВБЦ шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе биде дел од публиката во Белград, каде ќе се одржи Светското првенство во бокс.
Пред неколку недели, Британецот одново го совлада Дентеј Вајлдер и покажа дека е заслужен носител на шампионскиот појас. Тоа беше трета борба меѓу боксерските великани, која заврши со нокаут во единаесеттата рунда.
Фјури ќе биде атракција на трибините во српската престолнина. Тамошните медиуми веќе најавуваат голем интерес за целиот настан, токму поради присуството на шампионот во тешка категорија.
Светскиот собир на најдобрите боксери ќе се одржи од 24 октомври до 6 ноември.