ВИДЕО: Срамен потег на Пулев – го удри Џошуа по гонгот и го налути шампионот

Ентони Џошуа ја продолжува својата доминација во рингот, откако синоќа без многу проблеми го нокаутира предизвикувачот од Бугарија, Кубрат Пулев. Британецот уште еднаш покажа дека е крал на боксот, а со вчерашниот триумф и ги одбрани титулите светски првак на ИБФ, ИБО, ВБА.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Џошуа го нокаутира Пулев и закажа меч за апсолутен шампион против Фјури

Пулев беше инфериорен уште од самиот старт на борбата, па се обидуваше на секаков начин да го деконцентрира својот противник – дури и со валкана игра. Во третата рунда, во која Бугаринот двапати се најде на подот, по ударот на гонгот направи она што малкумина веруваа дека може да го направи и го удри противникот, а Џошуа се разбира не остана имун на тоа и веднаш возврати. 

  • Неспортскиот потег на Пулев против Џошуа:

Најверојатно, следен противник на Џошуа ќе биде Тајсон Фјури, против кого ќе се бори за апсолутен светски шампион во тешка категорија.