ВИДЕО: Спектакуларна најава за враќањето во рингот на Мајк Тајсон

Мајк Тајсон ќе се врати во рингот на 28 ноември, кога ќе боксува против Рој Џонс. Иако пресметката на двете легенди беше закажана за септември, „Железниот“ Мајк побара одложување со цел да има публика на трибините. 

Се очекува мечот да биде вистински спектакл, па како таков, доби одлична најава која Тајсон ја објави на Инстаграм.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

11.28.20 #TysonJones #FrontlineBattle

A post shared by Mike Tyson (@miketyson) on

Тајсон ќе се врати во рингот откако навистина се намачи и направи трансформација на своето тело за краток период, се врати во тренажен процес и одново изгледа спремен за борби. Оваа ревијална со Џонс ќе биде без судија и двата боксери ќе се борат за нокаут.