Спектакл во најава: Усик и Фјури на нов мега-дуел во декември!

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Олександар Усик, повторно ќе се соочи со Тајсон Фјури во мечот кој е заккажан за 21 декември, објавија организаторите. 

Мега-дуелот ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, каде се очекува да пристигнат фанови од целиот свет. Реваншот меѓу двајцата боксери првично беше планиран за октомври, но двајцата дале согласност истиот да се одржи два месеци подоцна. 

„Светот повторно ќе гледа уште една историска борба. Нашата посветеност и плодотворна работа успеаја да ги донесат најдобрите боксери на планетата. Се надеваме дека ќе уживате“, напиша на социјалните мрежи Турки Алалшик, претседателот на Комитетот за општа забава на Саудиска Арабија. 

Усик го победи Фјури на првиот дуел кој се одржа на 18 мај, а голема битка се очекува и во реваншот.