ВИДЕО: Спектакл пред 73.000 луѓе, Канело со аперкат го натера Сандерс да се предаде

Канело

Канело Алварез продолжи со победите и успеа да го добие судирот против Били Џо Сандерс пред 73.000 на стадионот „АТ&Т“ во Далас.

Мексиканецот се израдува на појасот во ВБО категоријата, откако го натера противникот да се предаде по осмата рунда. Големиот фаворит со аперкат го затвори окото на британскиот боксер и успеа да ја добие борбата.

Сандерс започна да парира во петтата и шестата рунда, но неколку минути подоцна доби удар кој значеше крај. Неговите тренери беа приморани да му ја доделат победата на мексиканскиот шампион.

За Канело останува сега да ги вкрсти ракавиците со шампионот во ИБФ категоријата, Калеб Плант.