• Сашо Поповски

Мани Пакјао ја потврди информацијата дека е закажана борба со Конор МекГрегор во 2021 година.
Тимот на филипинскиот боксер излезе со соопштение преку кое пренесе дека заработката од овој спектакл ќе заврши во хуманитарни цели, односо за оние кои се најпогодени од коронавирус пандемијата.
Ирецот, пак, кој се пензионира од УФЦ ова лето, ќе се врати во рингот, по егзибицијата и дебито против непоразениот Флојд Мејведер пред три години. ММА ѕвездата од Даблин е доста активен на социјалните мрежи каде ја откри причината поради која го напушти спортот и ќе му се посвети на боксот.
Засега нема никакви детали околу борбата наредната година, а допрва се очекува официјална потврда и најава за промотивниот дел од спектакуларниот настан.