Следното државно првенство во бокс повторно ќе се одржи во Битола!

Овој викенд во Битола се одржа државното првенство во бокс, а со просечна посета од 4.000 луѓе љубителите на боксот во нашата земја покажаа колку ја сакаат благородната вештина и како едвај да ја чекаат лигата која ќе започне напролет.

Претседателот на федерацијата Иван Златков потврди дека Битола уште еднаш го положи тестот и токму во спортската сала „Младост“ и следната година ќе се одржи поединечното првенство во бокс.

„Можам да ви потврдам дека со ваква публика и со страст за боксот каква што видов овие два дена во Битола, сигурно и наредната сезона ќе го одржиме државното првенство во овој град. На битолчани можам да им порачам дека со почетокот на лигашкиот систем и многубројните клубови кои никнуваат ќе имате можност да гледате повеќе бокс, токолку ракомет во вашиот град“, заклучи претседателот.

БК Пелистер 2007 со три државни победници беше прогласен за најуспешна екипа на првенството.