Славниот Олександр Усик ја најави својата пензија: За крај сакам борба со...

Украинскиот боксер и актуелен шампион во тешка категорија, Олександр Усик, откри дека наскоро планира да се повлече во пензија, што автоматски ќе значи крај на неговата долга и успешна професионална кариера.

Усик, кој во јули минатата година повторно стана апсолутен светски шампион со убедлива победа над Даниел Дубоа, ќе наполни 39 години на 17 јануари и сам кажа дека во себе има „уште само неколку борби“ пред да ја заврши својата ризница на успеси.

„Мислам дека можам да издржам уште само неколку борби, а потоа е време за пензија и долг одмор со семејството. Постигнав многу во кариерата, знам дека сум успешен и ќе заминам како еден од најдобрите борци во историјата“, рече Украинецот. 

Во изјавата, Усик посочи дека би сакал следниот меч да биде против против Деонтеј Вајлдер, еден од познатите „тешкаши“ на светската сцена, и дека потоа ќе размисли за пензија.