Сѐ е подготвено: Вајлдер и Ортиз најавија спектакл во Лас Вегас

Вајлдер Ортиз

Вчерашното мерење донесе потврда дека сѐ е подготвено за второто соочување во рингот на Деонтеј Вајлдер и Луис Ортиз.

Американецот, кој има 41 победа, едно реми и ниту еден пораз, е тежок 99,5 килограми во пресрет на судирот во Лас Вегас, односно 17 помалку од својот противник.

Кубанскиот предизвикувач е во одлична форма и има намера да ја поправи грешката од март 2018 година, кога за малку не го изненади големиот шампион од САД.

По оваа борба, Вајлдер најверојатно повторно ќе ги вкрсти ракавиците со Тајсон Фјури, што му е единствениот меч без победа. Доколку се оди според планот, второто соочување меѓу нив ќе се случи во февруари наредната година.