Синот на Аркан влегува во професионалниот бокс

Вељко Ражњатовиќ, синот на Аркан и популарната пејачка Светлана Ражњатовиќ, почнува професионална бокс-кариера во Србија.

Ражњатовиќ ќе настапи на турнир кој ќе се одржи на 10 март во Јагодина, Србија. Ќе се натпреварува во крузер-категорија (90,7 килограми), во четири договорени рунди. Неговиот прв противник ќе биде Краштја Јорданов од Софија, кој исто така ќе биде дебитант.

Младиот Вељко едвај чека на стартот на турнирот и на неговиот нов животен предизвик.