• Зоран Мишевски

Боксерите на Пинк Пантер загубија на гостувањето кај екипата на Лозница со 12-4 во четвртото коло на регионалната боксерска лига.
Штипјани се оштетени и откако домаќините поведоа со 8-0, гостите го напуштија рингот револтирани од делењето на правдата на судиите од Хрватска. Сепак, брзо се вратија и го завршија мечот.
За Пинк Пантер победи извојуваа Александар Ристовски во категоријата до 56 килограми и во апсолутна категорија Димитар Ташков, кој победи со нокаут.
За извојување е победата на Ташков против Веселин Савиќ со нокаут во втората рунда.