• Редакција Gol.mk
Боксеркиот клуб Пинк Пантер од Штип попладнево ќе го организира четвртото коло на Опен Балкан лигата „Олимписки Надежи“, како и четвртиот Меморијален турнир „Јордан Мијалков“.
Подготовките се движат во најдобар ред, па днес со почеток од 16:00 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе пристигнат боксери од земјите на поранешна Југославија, а тоа дефинитивно ќе биде спортски празник за Штип.
Учество ќе земат четириесеттина боксери, меѓу нив и најдобрите од нашата земја.
Боксерите на Пинк Пантер ќе се обидат да го задржат минималното водство кое го имаат стекнато во претходните кола.