ВИДЕО: Шоуменот Фјури на прес-конференцијата ги тераше новинарите да пеат

Фјури

Боксерскиот спектакл во „Стејплс Центар“ помеѓу непоразените Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер заврши без победник, по 12 рунди и судиска одлука.

Британецот двапати се најде во нокдаун, но успеа да застане на нозе и да остане непоразен во својот кам-бек во боксерскиот ринг по цели две години. На прес-конференцијата за новинарите тој беше расположен како и секогаш, па реши да запее песна заедно со присутните.

Фјури ја пееше популарната песна „American Pie“ од Дон МекКлин.