ВИДЕО: Шоу на Фјури – прво го бакна противникот, а потоа славеше со технички нокаут

Тајсон Фјури ја запиша втората победа по враќањето од пензија, откако во Патаја со технички нокаут во седмата рунда го совлада Полјакот Мариуш Вах.

„Кралот на Циганите“ целосно доминираше во рингот, а борбата беше прекината откако аголот на Вах процени дека нивниот боксер не може да продолжи.

Сепак, најголемо внимание привлече необичниот момент во петтата рунда, кога Фјури за време на размена на удари накратко го бакна противникот во уста, потег што ги насмеа присутните и брзо стана хит на социјалните мрежи.

Хуманитарната борба се одржа пред околу 2.000 гледачи, а Фјури најави дека целиот приход ќе биде дониран во фонд за деца без родители во Тајланд.