Шест медали за македонските боксери во Приштина, Коџаџику најдобар странски боксер

Македонските боксери се закитија со шест медали, од кои два златни, два сребрени и ва бронзени медали на реномираниот Меѓународен турнир „Лах Нимани“ во Приштина. 

Златни медали освоија Лиси Коџаџику (86 кг) и Ери Хани (80 кг), сребрени Ардијан Рустемовски (57 кг) и Еди Насуфи (+92 кг), а бронзени Наум Стојаноски (71 кг) и Ендри Хани (80 кг).

Нашиот боксер Лиси Коџаџику е прогласен за најдобар странски боксер. На турнирот настапија боксери од десет земји.