• Горан Упале
Голем број на навивачи и новинарски екипи вечерва му приредија изненадување на новиот боксерски шампион Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.
Британскиот боксер пред три дена со технички нокаут го победи големиот ривал Вајлдер и по вторпат стана шампион во супер-тешка категоријата. Најверните фанови му посакаа добредојде на Фјури, кој сè уште чува во тајност дали ќе прифати реванш против американскиот боксер.
Tyson Fury returning to a hero's welcome in Manchester this morning…
[ DiscoBoyUK / Eastwood_Fitness] pic.twitter.com/x9o6Lwetav
— Michael Benson (@MichaelBensonn) February 25, 2020
За разлика од Фјури, Вајлдер истакна дека реванш ќе има и појасот ќе си го врати во своите витрини.