ВИДЕО: Шампионот Џошуа ова никогаш не го доживеал! Првпат на подот и првпат му се брои...

Ентони Џошуа ги собра сите комплименти по победата со технички нокаут против Владимир Кличко вечерва во Лондон. Но, Британецот за првпат почувствува како е да му се брои и да го допре подот. Никогаш во претходните 18 боррби Џошуа не бил нокаутиран. Но, во шестата рунда Кличко го изненади и го прати на подот, па судијата мораше да му брои. Еве како изгледаше тој момент:

Подоцна Џошуа се издигна и во 11. рунда го одлучи дуелот пред таа задача да ја преземат судиите.