• Горан Упале

Мајк Тајсон по подолго време повторно ги стави боксерсите ракавици и им се врати на тренинзите. Легендарниот боксер најави дека во иднина посакува да се врати на боксерскиот ринг, но само на хуманитарни борби.
Оваа идеја на „Челичниот Мајк“ наиде на позитивни вибрации и кај неговиот поранешен голем ривал Ивандер Холифилд. Британецот се реши да го следи чекорот на Тајсон и тој најави дека му се враќа на боксот.
„Дојде моментот кој сите го чекавте, шампионите се враќаат. Го најавувам моето враќање во рингот, но ќе се борам само на хуманитарни мечеви, рече Холифилд.
Тајсон веќе извесен период тренира под полна пареа, а неговата форма и на 53 години е застрашувачка. Двајцата боксери беа големи ривали во минатото, а сигурно секој би се навратил на легендарната борба од пред 23 години, кога Тајсон го гризна увото на Холифилд.