Серхио Рамос „менува спорт“, ќе влезе во бокс ринг против контроверзен лик?

Серхио Рамос подготвува неочекуван чекор надвор од фудбалските терени и наскоро би можел да влезе во боксерски ринг. Легендарниот шпански дефанзивец, кој се прослави во дресот на Севиља, Реал Мадрид и шпанската репрезентација, според најавите ќе биде дел од спектакл во организација на „Мисфит Боксинг“.

Светските медиуми пренесуваат дека Рамос треба да се бори против контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт, а настанот е планиран да се одржи во Катар во летото 2026 година. Според неофицијални информации, станува збор за меч од шест рунди.

Рамос одамна е познат како голем љубител на боречките спортови. Тој е близок пријател со УФЦ шампионот Илија Топурија, со кого наводно и тренира во пресрет на оваа борба.

Од другата страна ќе биде Ендру Тејт, поранешен кик боксер кој и претходно настапуваше во бокс мечеви. Тој важи за физички подготвен и медиумски атрактивен лик. Доколку навистина се реализира, дуелот меѓу Рамос и Тејт без сомнение ќе предизвика огромно внимание и ќе привлече публика од целиот свет.