СЕНЗАЦИЈА: Непоразениот Џошуа нокаутиран од Енди Руиз јуниор!

Мексиканецот Енди Руиз јуниор приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на боксот.

Во вистински спектакл во „Медисон Сквер Гарден“ тој успеа да го нокаутира Ентони Џошуа од Велика Британија и да му го нанесе првиот пораз во кариерата. Моментот кога судијата го прекина мечот се случи во седмата рунда.

Слични порази во кариерите запишаа големи шампиони како Ленокс Луис и Мајк Тајсон.

Џошуа призна дека победил подобриот боксер и побара реванш до крајот на годината.