Се огласи и Рустемовски: Не знам што гледаа судиите...

Ален Рустемовски претрпе полуфинален пораз на Медитеранските игри во бокс мечот против Марин Хернандез. Иако очекувањата на македонската делегација беа дека следува победа, судиската одлука беше 1-4 за Шпанецот на изненадување на сите. 

Краток коментар за самиот меч и судењето имаше и самиот Рустемовски, кој кажа:

„Дефинитивно мислам дека требаше да победам. Дури и со сигурна разлика од 5-0. Меѓутоа, не знам како бодуваа и што гледаа судиите на овој меч. Мислам дека судиската одлука беше многу неправедна“.

Македонската делегација од Таранто најави дека е поднесена жалба за судиското бодување до надлежните.