• Горан Упале
Претставата која со нетрпение се очекува на програмата е вечерва. Двајца најдобри боксери на денешницата, Александар Усик и Тајсон Фјури ќе се борат за титулата светски шампион во тешка категорија.
Седум месеци откако Усик го победи Фјури во историска борба и ги обедини сите појаси во тешка категорија, љубителите на боксот ширум светот повторно ќе имаат можност да го следат судирот на овие големи тешкаши. Сега во игра се титулите ВБА, ВБЦ, ВБО, кои моментално се во сопственост на непоразениот Украинец.
Нивната прва борба, која заврши со тесна поделена одлука на судиите, беше навистина спектакуларна, па не чуди што овојпат интересот на јавноста е уште поголем. А со тоа, секако, доаѓаат и повеќе пари.
Во мај и двајцата поделија 120 милиони фунти. Британецот заработиле 85 милиони, а Украинецот 35 милиони. Овој пат двајцата ќе поделат неверојатни 150 милиони фунти, а Усик ќе добие 60% од таа сума. Борбата е закажана за 22:00 часот во „Кингдом арената“ во Ријад.