Сара С. Стојановска и Борис Секулов најдобри на кадетскиот Mастерс во пинг-понг

Вчера во Берово се одржа вториот ден од Мастерс викендот во пинг-понг за кадети во категориите за играчи до 12 и до 15 години. Ако на мастерсот во категоријата до 12 години фаворитите ги освоија првите места, кај повозрасните играчи во машка категорија имаше изненадувања.

Најдобриот играч до 15 година, Лука Стојчев од ППК Шампион Фа неочекувано загуби во четвртфиналето од Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка. Стојчев прокоцка водство од 2-0 во сетови, за на крај да слави Јакимовски со 3-2. Инаку, Јакимовски е неприкосновен во категоријата за играчи до 12 години.

Титулата на вториот Мастерс ја освои Борис Секулов, член на струмичката екипа на Астраион. Секулов во финалето беше подобар од Борјан Цветковски од ППК Топспин Плус.

Кај кадетките со најдобар скор досега, убедливо првото место го освои Сара С. Стојановска, која на патот до златото на вториот Мастерс загуби само еден сет во финалето против Васе Богоеска.

Кадети:
1. Борис Секулов (ППК Астраион)
2. Борјан Цветковски (ППК Топспин Плус)
3. Александар Јакимовски (ППК Крива Паланка)
3. Лука Серафимовски (ППК Винспин)

Кадетки:
1. Сара С.Стојановска (ППК Крива Паланка)
2. Васе Богоевска (ППК Крушево)
3. Изабела Ковачовска (ППК Берово) 
3. Софија Хасану (ППК Крушево)