• Горан Упале

Викендов македонските боксери, браќата Рустемовски се покажаа во одлично светло на Меѓународниот турнир „Арена Куп“ кој се одржа во Скопје.
Ружди Рустемовски имаше брилијантен настап и со класичен нокаут уште во првата рунда славеше над Реџеп Морина од Косово. На овај турнир Ружди Рустемовски беше прогласен и за најдобар македонски боксер.
Адријан Рустемовски стигна до второто место и го освои сребрениот медал, додека Адријан Рустемовски не се бореше во својата категорија до 54 килограми, бидејќи немаше противник, па така имаше меч со боксер од категоријата до 60 килограми на кој остави одличен впечаток.
Следен настап на македонските боксери ќе биде Меѓународниот турнир Мирослав Петровиќ кој ќе се одржи во Куманово, а учество ќе заземат натпреварувачи од повеќе европски држави.