Ружди Рустемовски елиминиран во осминафиналето во Таранто

Mладиот македонски боксер Ружди Рустемовски го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто во осминафиналето во категоријата до 65 килограми.

Рустемовски се соочи со Србинот Димитриј Горбенко, но не успеа да обезбеди пласман во следната рунда. Борбата беше прекината во финишот од втората рунда, со одлука на судијата.

Горбенко беше прогласен за победник и продолжува во четвртфиналето, додека за Рустемовски заврши настапот на турнирот во Таранто.