Рустемовски загуби на поени на дебито на Светското првенство

Првиот македонски адут на Светското првенство во бокс загуби на стартот. Ален Рустемовски е поразен со судиска одлука 0-5 од Удин Мохамед Хусин од Индија во првото коло во категоријата до 57 килограми на Светското сениорско првенство во бокс кое се одржува во Ташкент, Узбекистан. 

Ова беше дебитантски настап на битолчанецот Рустемовски на големата сцена.

Попладнево преостанува настапот на Аријан Исени, во категоријата до 80 килограми. Негов противник е Парагваецот Лино Рамон Руиз Фереира.